Ѓорѓиевски: Тротоарите веќе не се паркинзи, се поставуваат столпчиња низ Скопје

Ѓорѓиевски: Тротоарите веќе не се паркинзи, се поставуваат столпчиња низ Скопје
Сподели:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека градежни екипи во моментов работат паралелно на повеќе локации низ целата територија на главниот град. Активностите се фокусирани на неопходни брзи интервенции и воведување поголем ред во јавниот простор.

Екипите на Градот тековно интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците. Овие брзи зафати се неопходни поради зимските услови и целта е да се подобри безбедноста во сообраќајот.

Градоначалникот најави дека со подобрувањето на временските услови напролет, фокусот ќе се префрли кон темелна и целосна обнова на коловозите.

Паралелно со санацијата на коловозите, Град Скопје започна акција за ослободување на тротоарите преку поставување на столпчиња.

„Тротоарите не се паркинзи и повеќе нема да дозволиме така да се третираат.“ - изјави е градоначалникот Ѓорѓиевски.

Дополнително, во централното градско подрачје и на сите места каде што е потребно, се поставува нова урбана опрема со цел да се внесе повеќе ред, функционалност и достоинствен изглед на јавниот простор.