Со дрон ќе се следи дали концесионерите на рудниците прават злоупотреби

Со дрон ќе се следи дали концесионерите на рудниците прават злоупотреби

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведе современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на сите концесии во државата – од минерални суровини, до соларна енергија и ветерни инсталации. Овој чекор е насочен кон зајакнување на контролата, транспарентноста и одговорното користење на природните ресурси.

Новата технологија овозможува прецизно следење на експлоатацијата на минералното богатство, како и проверка на точните координати и инфраструктурата на соларните панели и столбовите за мерење на ветерните паркови.

Со воведувањето на дронот, инспекцискиот надзор значително се зајакнува: им овозможува на инспекторите да вршат увид без секогаш да бидат физички присутни на терен, обезбедува побрза реакција, пократко време за контрола и непречено следење на активностите. Овој систем овозможува подетално следење на работата на концесионерите и значително го намалува ризикот од злоупотреби.

Министерката Сања Божиновска истакна дека со овој систем се унапредува инспекциската контрола: „Создадовме можност за современ и ефикасен надзор, кој овозможува концесиите да се користат одговорно и согласно законот“.

Вработените во Министерството кои ќе управуваат со дронот веќе поминаа специјализирана обука за негово користење и правилна интерпретација на податоците од далечинското набљудување.

Користењето на дронови е веќе стандардна практика во развиените земји за мапирање, инспекциски надзор и мониторинг на енергетски и природни ресурси. Со оваа иновација, Министерството ја следи светската пракса и ја унапредува модернизацијата и ефикасноста во управувањето со ресурсите.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.