Холандската компанија „Тујнкамер“ разгледува можности за изградба на фабрика за монтажни куќи во ТИРЗ

Холандската компанија „Тујнкамер“ разгледува можности за изградба на фабрика за монтажни куќи во ТИРЗ

Холандската компанија „Тујнкамер“, која веќе има регистрирано домашно друштво „Тујнкамер ДООЕЛ Скопје“, е заинтересирана да го прошири своето производство преку нова инвестиција во земјава за изработка на монтажни куќи наменети за извоз на европскиот пазар, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ).

За инвестициските можности во рамки на зоните, достапната инфраструктура и условите за реализација на проектот денеска разговараа директорот на ДТИРЗ, Гоце Димовски, и претставници на холандската компанија. Димовски ги претстави расположливите парцели и инфраструктурната опременост согласно потребите на планираното производство, нагласувајќи дека Дирекцијата стои на располагање за детални информации за локациите, насоки за постапките за инвестирање и координација со надлежните институции.

Претставниците на компанијата ги презентирале своите планови за проширување на производството и потребите за избор на соодветна локација и производствен објект. „Тујнкамер“ е холандска компанија специјализирана за проектирање и изведба на објекти по мерка, меѓу кои градинарски куќи, викендички, објекти за сместување гости и канцелариски простори во домашни дворови, а во својата понуда вклучува и префабрикувани модели со целосен процес од дизајн и подготовка на елементите во сопствена работилница до монтажа на локацијата на клиентот.

Од ДТИРЗ наведуваат дека евентуалната реализација на оваа инвестиција би создала додадена вредност за националната економија преку производство на готови производи за извоз, отворање нови работни места и вклучување на домашни компании во синџирот на снабдување.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.