Николоски: Нов електронски систем за наплата на патарини по изминат километар без физички наплатни станици првпат ќе се примени на автопатот Кичево-Охрид

Николоски: Нов електронски систем за наплата на патарини по изминат километар без физички наплатни станици првпат ќе се примени на автопатот Кичево-Охрид

Изградбата на првиот државен национален податочен центар треба да почне веќе следната година, а нов електронски систем за наплата на патарини по изминат километар без физички наплатни станици првпат ќе се примени на автопатот Кичево-Охрид, кој треба да биде завршен до крајот на мај 2027 година, најави министерот за транспорт Александар Николоски на конференција на Американската стопанска комора (АмЧам) за дигитална трансформација во Скопје.

Николоски посочи дека Владата работи на реализација на стратегијата „Смарт Македонија 2030“, при што во моментов се спроведуваат процедурите за урбанизација и потребната документација за националниот податочен центар што се развива заедно со Министерството за дигитална трансформација. Целта на овој центар е на едно место да ги обедини државните институции, наместо досегашниот раштркан и неорганизиран систем во кој секоја институција постапува одделно, а паралелно во напредна фаза е и креирањето национален едношалтерски систем како заедничка дигитална платформа за сите релевантни институции.

Појаснувајќи го новиот модел за електронска наплата на патарини, вицепремиерот наведе дека на патот воопшто нема да има наплатни рампи и дека користењето на автопатот ќе се наплаќа по изминат километар, оценувајќи го таков пристап како далеку поправеден од постојниот систем.

Во делот на модернизацијата и безбедноста на сообраќајот, Николоски истакна дека во финална фаза се измените на пет закони за воведување интелигентни транспортни системи, од кои три се во надлежност на Министерството за транспорт и по еден во надлежност на министерствата за внатрешни работи и за локална самоуправа. Со поддршка на Светската банка веќе е потпишан договор за воведување интелигентни транспортни системи на Коридорот 10, на делницата од Табановце до Гевгелија, чија примена се очекува кон крајот на 2027 или почетокот на 2028 година.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.