Претставници на „Витаминка“ учествуваа на интернационалниот саем „Food Ingredients 2026“ во Франкфурт

Претставници на „Витаминка“ учествуваа на интернационалниот саем „Food Ingredients 2026“ во Франкфурт

Претставници на прехранбената компанија „Витаминка“ присуствуваа на интернационалниот саем „Food Ingredients 2026“, кој се одржа во периодот од 17 до 19 ноември во Франкфурт, Германија.

На настанот учествуваа Ана Кироваков, шеф на производствен погон Зачини, и Гордана Симоноска, шеф во Набавка, кои се запознаа со најновите достигнувања, иновации и трендови во областа на прехранбените суровини и состојки.

Годинешното издание на саемот обедини повеќе од 1.650 изложувачи и околу 27.000 професионални посетители од над 135 земји, служејќи како меѓународна платформа за размена на знаења, искуства и воспоставување нови деловни контакти.

Посебен акцент на саемот е ставен на здравјето на дигестивниот систем, природните и функционалните состојки, производите со намалена содржина на шеќер, алтернативните протеини, одржливите решенија и примената на вештачката интелигенција во прехранбената индустрија.

Од „Витаминка“ наведуваат дека присуството на вакви меѓународни саеми овозможува континуирано следење на глобалните пазарни промени и унапредување на производствените и набавните процеси согласно современите индустриски стандарди.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.