ССМ е против укинување на недела неработен ден

ССМ е против укинување на недела неработен ден

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и претседателот Слободан Трендафилов денеска реагираа на изјавата на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, за можно укинување на недела како неработен ден, порачувајќи дека синдикатот најостро се спротивставува на намерите за кратење на работничките права и дека нема да дозволи тие да станат предмет на пазарење со работодавачите.

Од ССМ и Трендафилов оценуваат дека без оглед дали изјавата на Ристески „Ако ме прашате мене, зошто да не се врати недела да биде работен ден“ е дадена како личен став или како владина политика, со неа заменик-министерот се става во улога на застапник на интересите на работодавачите и се надоврзува на барањата за укинување на празниците. Според синдикатот, покрај работодавачите, сѐ почесто и владини функционери зборуваат за намалување на работничките права, вклучително и за минималната плата, празниците и неработната недела.

Во реакцијата се поставува прашањето дали заменик-министерот Ристески некогаш работел или денес работи во недела, за да смета дека речиси 90 проценти од работниците кои сега не работат во недела треба повторно да бидат работно ангажирани тој ден.

Од ССМ воедно посочуваат дека и сабота е неработен ден, но дека работодавачите најмногу го злоупотребуваат, на што работниците секојдневно укажуваат, додека креаторите на политиките не преземаат ништо. Синдикатот предупреди дека функционерите треба да бидат претпазливи при давањето изјави со кои наговестуваат политики насочени против работниците.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.