Просечната нето-плата изнесува безмалку 46 илјади денари во октомври

Просечната нето-плата изнесува безмалку 46 илјади денари во октомври

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за октомври 2025 година изнесува 45.943 денари. Ова претставува раст од 9% во споредба со истиот месец лани.

Според статистичките податоци, најголем пораст на годишно ниво е забележан во секторите здравствена и социјална заштита со зголемување од 13,3%, административните и помошните услужни дејности со 13,2%, како и дејностите во врска со недвижен имот каде е евидентиран раст од 10,9%.

Во однос на претходниот месец, платите најмногу пораснале кај недвижностите за 9,5%, во секторот информации и комуникации за 4,2% и кај административните услуги за 3,6%.

Во истиот период, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесува 69.089 денари. На годишна основа, бруто-платата исто така бележи пораст од 9,0%.

Зголемувањето кај бруто-износите е најизразено во здравствениот сектор со 13,5%, по што следат административните услуги со 13,3% и недвижностите со 10,9%.

На месечно ниво, секторот недвижности бележи најголем скок на бруто-платата од 8,8%, додека кај информациите и комуникациите растот изнесува 4,1%.

Следете ги најновите вести на Viber
Просечната нето-плата изнесува безмалку 46 илјади денари во октомври