Кражба во продавница во Битола: Уапсени двајца крадци, вратени украдените цигари

Кражба во продавница во Битола: Уапсени двајца крадци, вратени украдените цигари
Сподели:

Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишија од слобода лицата Ѓ.З. (35) и А.Ј. (29), двајцата од Битола, кои се сомничат за извршена тешка кражба во маркет. Според информациите од полицијата, тие истиот ден извршиле кражба во проданица лоцирана на улицата „Север-југ“ во Битола, од каде што одзеле околу 30 штеки со различни видови цигари.

По пријавувањето на настанот, полицијата брзо реагираше и изврши претрес во домот што го користеле осомничените. При претресот, целата количина на украдени цигари била пронајдена и веднаш вратена на сопственикот на маркетот.

При дополнителната проверка и преземените оперативни мерки, полициските службеници утврдија дека 35-годишниот Ѓ.З. бил баран со централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, каде што веќе издржувал затворска казна.

По приведувањето, тој веднаш бил спроведен назад во прилепскиот затвор за доиздржување на преостанатата затворска казна во траење од осум месеци. По комплетно документирање на случајот, против двајцата сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.