Бугарија и „Рајнметал“ ќе градат фабрики за барут и артилериски гранати

Бугарија и „Рајнметал“ ќе градат фабрики за барут и артилериски гранати

Бугарија и еден од најголемите европски одбранбени концерни, "Рајнметал" (Rheinmetall), ќе изградат две заеднички воени фабрики на територијата на земјата. Ова беше објавено на средбата меѓу Бојко Борисов и главниот извршен директор на "Рајнметал", Армин Папергер, во Диселдорф.

Едниата фабрика ќе биде специјализирана за производство на барут и полнења, додека другата фабррика ќе произведува 155-милиметарски гранати по стандард на НАТО. Се очекува двете фабрики да го издигнат производството на артилериска муниција на високо ниво во Бугарија.

Плановите предвидуваат комплетирање на целиот производствен циклус, што ќе гарантира висок квалитет на производот, минимизирање на ризиците при испорака на клучни компоненти и искористување на локалниот научен и производствен потенцијал.

Произведената муниција ќе ги задоволува потребите на Бугарската армија, а ќе биде наменета и за извоз во други земји. Покрај тоа, изградбата на фабриките ќе отвори многу нови работни места.

За изградба на новите претпријатија се избрани локации во рамките на државната ВМЗ-Сопот. Моментално, стручни тимови од бугарската влада и "Рајнметал" работат на утврдување на сите детали за реализацијата на проектот.

Бугарската страна го увери Армин Папергер за својата намера проектот да биде реализиран што е можно поскоро и поуспешно. Се очекува изградбата на дваете фабрики да ја зајакне позицијата на бугарската одбранбена индустрија меѓу партнерите од ЕУ и НАТО.

Бугарија и „Рајнметал“ ќе градат фабрики за барут и артилериски гранати