Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати. Зголемувањето, кое во просек изнесува 0,64%, стапува на сила на 26 август 2025 година, почнувајќи од 00:01 часот.
Од полноќ, максималните цени на горивата ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,00 денари за литар (зголемување за 1,00 денар).
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,00 денари за литар (зголемување за 1,00 денар).
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 денари за литар (зголемување за 0,50 денари).
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 67,50 денари за литар (зголемување за 0,50 денари).
- Мазут М-1 НС: 38,265 денари за килограм (намалување за 0,378 денари).
Одлуката за корекција на цените е донесена врз основа на движењата на светските пазари. Референтните цени на нафтените деривати бележат просечно зголемување: кај бензините за 1,985%, кај дизелот за 1,915%, кај екстра лесното масло за 1,244% и кај мазутот намалувањето е за 1,246%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230%.