Божиновска: Македонија произведе речиси онолку електрична енергија колку што потроши

Божиновска: Македонија произведе речиси онолку електрична енергија колку што потроши
Сподели:

Во текот на месец јули, Македонија оствари висока покриеност на потрошувачката со сопствено производство на електрична енергија. Според податоците што ги објави министерката за енергетика Сања Божиновска, домашното производство достигнала 460,8 гигават-часови, со што се обезбедени дури 94,7 проценти од вкупните потреби за струја во земјава.

Забележителна промена има и во структурата на производствените капацитети, каде што приватните и останатите домашни производители преземаат поголем удел, учествувајќи со 55,3 проценти во јули, додека АД ЕСМ учествува со 44,7 проценти.

Континуираниот раст на инвестициите во фотонапонски централи дополнително ја менува енергетската слика во државата. Новите вложувања во системи за складирање енергија и батерии ќе овозможат уште поефикасно искористување на струјата произведена од сонцето. Со ова, соларната енергија директно придонесува кон зајакнување на енергетската независност и стабилизирање на домашниот енергетски пазар.

Покрај зголеменото производство, регистриран е и значаен напредок во оптимизацијата на мрежата. Загубите на електрична енергија се намалени од 17,7 проценти во јануари, на 9,7 проценти во јули.