Македонската и косовската царина договорија побрз проток на Блаце и засилена борба против криминалот

Македонската и косовската царина договорија побрз проток на Блаце и засилена борба против криминалот

Зајакнување на оперативната соработка, побрза размена на податоци, олеснување на трговијата и унапредување на безбедноста на границата беа во фокусот на билатералната средба помеѓу царинските управи на Македонија и Косово што се одржа во Приштина.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, порача дека границата треба да биде што е можно поедноставна за легалната трговија и патниците, а истовремено да претставува силна и ефикасна бариера против секој вид криминал.

За време на разговорите е посветено внимание на целосното функционирање на концептот One-Stop Shop на граничниот премин Блаце - Хани и Елезит, чија цел е скратување на процедурите и забрзување на протокот на стоки и патници.

Двете страни разговараа за дополнително унапредување на размената на податоци преку системот SEED, усогласување на царинските процедури, како и подобрување на граничната инфраструктура и капацитетите на премините.

Во рамки на состанокот се разменети искуства околу процесите на дигитализација и усогласување со европските царински системи и стандарди. Посебен акцент е ставен врз зајакнувањето на соработката во областа на царинското разузнавање, со цел побрзо откривање и спречување на царински измами, криумчарење и сите форми на прекуграничен криминал.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.