М-НАВ АД Скопје ја информира македонската јавност дека по три дена интензивна работа, стручниот тим успешно го отстранил дефектот на електрониката на радарската глава Бањски рид. По поправката, на 24 септември 2025 година, во 16:40 часот, радарската глава беше вратена во функција и започнати се неопходни тестирања кои траеја до 25 септември 2025 година до 12 часот, кога истата беше повторно вклучена во системот за контрола на воздушниот сообраќај.
Согласно информациите од М-НАВ, за време на нефункционалноста на радарската глава, безбедноста на воздушниот сообраќај не беше доведена во опасност. Сите безбедносни мерки беа имплементирани во согласност со меѓународните стандарди, а само беше забележан краткотраен намалување на протокот на летови на Меѓународниот аеродром Скопје.
Од компанијата исто така нагласуваат дека било каква дезинформација која предизвикува страв кај јавноста само дополнително ја нарушува довербата во институциите и предизвикува штети на државата.
М-НАВ АД Скопје упати благодарност до Владата на Република Македонија, како и до Министерот за транспорт и врски, г. Александар Николовски, за нивната безрезервна поддршка во овие моменти.