Според податоците на Државниот завод за статистика за 2024 година, Југоисточниот Регион има најголемо поединечно учество во креирањето на бруто-додадената вредност во македонското земјоделство со 30,5 проценти. Веднаш зад него се наоѓа Пелагонискиот Регион со учество од 28,8 проценти.
Најмало учество во создавањето на бруто-додадената вредност во овој сектор е евидентирано во Југозападниот Регион, каде што изнесува само 3 проценти.
Во однос на структурата на земјоделското производство, Југоисточниот Регион го држи приматот и во создавањето на вредноста на растителното производство, учествувајќи со 33,1 процент во вкупниот национален биланс.
Кај добиточното производство, Полошкиот Регион се издвојува како водечки во земјата, остварувајќи најголемо учество во создавањето на вкупната вредност на овој земјоделски сегмент со 17,2 проценти.

