Во септември е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено

Во септември е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено

Според Државниот завод за статистика, во септември е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено.

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во септември изнесува 391.740 MWh, што е за 4,9% повеќе од вкупната бруто-домашна потрошувачка.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.

Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 373.518MWh електрична енергија, 19.406 милиони нормални кубни метри природен гас, 368.114 тони јаглен и 95.577 тони нафтени продукти.

Според податоците, 99,9% од вкупната потрошувачка на јаглен е употребена за производство на електрична енергија.

Во споредба со истиот месец лани, забележано е намалување на потрошувачката на одредени енергенти: потрошувачката на природен гас е намалена за 15,5%, што ДЗС го објаснува со намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 13,2%.

Следете ги најновите вести на Viber
Во септември е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено