Јанчев: Во завршна фаза е изградбата на новиот Био пазар во Кавадарци

Јанчев: Во завршна фаза е изградбата на новиот Био пазар во Кавадарци

Изградбата на новиот Био пазар во Кавадарци влегува во својата завршна фаза, најави градоначалникот Митко Јанчев. Овој капитален проект на Општина Кавадарци е вреден 26.500.000 денари (околу 430.890 евра)

Главната цел на проектот е создавање на современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, производителите на органска храна и малите семејни бизниси ќе можат директно да ги пласираат своите производи. Со овој модел се елиминираат посредниците, што овозможува фер цени за купувачите и поголема заработка за производителите, истовремено зајакнувајќи ја довербата на потрошувачите во потеклото и квалитетот на храната.

Објектот на новиот Био пазар ќе биде функционално поделен на 15 деловни единици, дизајнирани според современи стандарди за трговија со храна. Според градоначалникот Јанчев, со реализацијата на овој проект општината инвестира во три клучни столба: здравјето на граѓаните преку пристап до свежи и проверени продукти, економското зајакнување на локалните земјоделци и долгорочната одржлива иднина на Кавадарци.

Асоцијација (08 април 2026)