Намален бројот на патници превезени со автобус

Намален бројот на патници превезени со автобус
Сподели:

Според податоците од Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 6.3 % во однос на истото тримесечје од претходната година.

Во второто тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 007 илјади и е намален за 6.3 % во однос на второто тримесечје од 2024 година, и тоа:

- Градскиот превоз е намален за 10.6%.

- Приградскиот превоз е намален за 3.5%.

- Меѓуградскиот превоз е зголемен за 5.2 %.

- Меѓународниот превоз е зголемен за 27.7 %.

Вкупниот број на патничките километри е 256 889 илјади и е зголемен за 19.3 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:

- Градскиот превоз е зголемен за 35.4%.

- Приградскиот превоз е зголемен за 9.1%.

- Меѓуградскиот превоз е намален за 0.2%.

- Меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 32.5 %.