Произведената електрична енергија во јуни е поголема од потрошената

Произведената електрична енергија во јуни е поголема од потрошената

Според најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика, во јуни 2025 година, вкупното бруто-производство на електрична енергија во Македонија изнесува 333 640 MWh, што е за 12.5% повеќе од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија.

Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:

- Електрична енергија: 296 651 MWh.

- Природен гас: 8.334 милиони nm³.

- Јаглен: 357 500 тони.

- Нафтени продукти: 101 113 тони.

Во јуни 2025 година бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Во јуни 2025 година во однос на јуни 2024 година потрошувачката на природен гас е намалена за 54.9 %, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки додека потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 9.5 %.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.