Макпетрол на 31 август започнува со исплата на дивиденда: Ќе исплаќа по 4.620 денари за акција

Макпетрол на 31 август започнува со исплата на дивиденда: Ќе исплаќа по 4.620 денари за акција

Макпетрол АД Скопје“ преку Македонска берза ја извести јавноста и акционерите за исплата на дивидендата по Годишната сметка за 2025 година. Според утврдениот дивиденден календар и одлуката донесена на последното Годишно собрание на акционери, исплатата официјално започнува на 31 август 2026 година.

Вкупниот бруто-износ предвиден за распределба на дивиденда изнесува 467.285.280 денари. Со оваа одлука, акционерите на компанијата ќе добијат бруто-дивиденда во износ од 4.620 денари по единечна акција.

Исплатата се врши врз основа на донесената Одлука број 0201-36/2-4 од 26 мај 2026 година, изгласана за време на триесеттото Годишно собрание на акционери на Друштвото.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.