КХВ издаде дозвола на Раде Кончар Трансформатори и Електрични постројки за преземање на Раде Кончар Апаратна Техника

КХВ издаде дозвола на Раде Кончар Трансформатори и Електрични постројки за преземање на Раде Кончар Апаратна Техника

Комисијата за хартии од вредност, на 67-мата седница која се одржа на 25 септември, донесе Решение со кое на Раде Кончар Трансформатори и Електрични постројки ТЕП ДООЕЛ Скопје му се издава дозвола за давање понуда за преземање на Раде Кончар Апаратна Техника АД Скопје.

Понудата за преземање се однесува на сите 151.709 обични акции со право на глас издадени од Раде Кончар - Апаратна техника АД Скопје, освен 51.557 обични акции со право на глас кои се во сопственост на преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него и 2.964 обични акции на кои им е регистрирано ограничување на правото на глас кои се во сопственост на Друштвото за производство и трговија Раде Кончар - Трансформатори и Електрични постројки - ТЕП ДООЕЛ Скопје.

Според податоците наведени во Проспектот Преземачот се обврзува да ги откупи сите 151.709 обични акции со право на глас по цена од 2.435,00 денари по акција.

Рокот за прифаќање на понудата започнува од денот на првото објавување на понудата за преземање, a ќе заврши 28 календарски дена по започнувањето на рокот за прифаќање на понудатa за преземање. Согласно Понудата за преземање, преземачот не утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена, за понудата за преземање да се смета за успешна.

КХВ издаде дозвола на Раде Кончар Трансформатори и Електрични постројки за преземање на Раде Кончар Апаратна Техника