Мицкоски: Од 1 октомври почнува исплатата на линеарното зголемување на пензиите

Мицкоски: Од 1 октомври почнува исплатата на линеарното зголемување на пензиите

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, најави дека од 1 октомври ќе започне исплатата на линеарното зголемување на пензиите, како дел од владината стратегија за поддршка на пензионерите во земјава.

„Од 1 октомври ќе започне првата корекција на пензиите, односно линеарното зголемување. Потоа, дополнително ќе следи уште едно зголемување на пролет, со што ќе се заокружи инвестицискиот циклус за зголемување на пензиите“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавеното есенско зголемување на пензиите.

Како што посочи премиерот, по овој процес, вкупното зголемување на пензиите за секој пензионер ќе достигне 7.000 денари, што, како што истакна, значително ги надминува претходните ветувања за зголемување на пензиите од 5.000 денари за време на кампањата.