Вчера во 01:30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар спроведоа акција во угостителски објект во селото Добри Дол, општина Врапчиште.
При извршените проверки, затекнати биле вкупно 13 женски лица, од кои девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки.
Поради злоупотреба на туристичкиот престој, деветте странски државјанки, П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е.(34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В.(20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), и П.М.М.М. (32), сите од Колумбија, се лишени од слобода.
Против нив се поднесени соодветни пријави, а по одлука на Основниот суд Гостивар, на странските државјанки им е изречена мерка забрана за влез во Македонија во траење од една година, како и парична казна.