Советот на Град Скопје едногласно ја изгласаа иницијативата за дислокација на цементарницата Усје

Советот на Град Скопје едногласно ја изгласаа иницијативата за дислокација на цементарницата Усје

По маратонска седница која траеше 13 часа, Советот на Град Скопје едногласно ја усвои иницијативата на „Зелен Хуман Град“ (ЗХГ) за дислокација на цементарницата „Усје“ и останатите големи индустриски загадувачи надвор од скопската котлина.

Оваа одлука се смета за преседан во работењето на градскиот Совет, бидејќи за првпат сите политички групи се обединија околу барањето на граѓаните за почист воздух и поздрава животна средина.

Со усвоените заклучоци, Градот Скопје се задолжува официјално да побара од Министерството за животна средина детално испитување на работењето на „Усје“ и сите големи индустриски капацитети во градот. Целта е да се утврди дали овие субјекти целосно ги исполнуваат условите од еколошките дозволи и регулативи, а резултатите од овие контроли треба да бидат доставени до Градот во најбрз можен рок.

Истовремено, од Државниот инспекторат за животна средина се бара спроведување на серија ненајавени вонредни инспекциски надзори за да се утврди фактичката состојба на терен во однос на емисиите и мерките за заштита.

Овие наоди ќе бидат клучни за Општина Кисела Вода, но и за сите останати скопски општини, кои во иднина ќе мора да ги земат предвид овие параметри при изработката на деталните урбанистички планови и сите натамошни плански постапки.

Најзначајниот дел од одлуката се однесува на задолжението до градоначалникот на Град Скопје да се обрати до Владата на Република Македонија со барање за започнување на формална постапка за дислокација на „Усје“ и другите големи загадувачи на соодветни локации надвор од градот.

Овој процес треба да се води согласно Законот за животна средина и Просторниот план на државата, со цел да се обезбеди одржлив пристап во планирањето и заштита на квалитетот на животот на скопјани.

Од „Зелен Хуман Град“ порачаа дека будно ќе го следат спроведувањето на секој од овие заклучоци. Тие нагласуваат дека овој чин на политичко обединување испраќа јасна порака дека здравјето на граѓаните е над секој друг интерес и дека е време за долгорочно решение на проблемот со индустриското загадување во главниот град.

Следете ги најновите вести на Viber
Советот на Град Скопје едногласно ја изгласаа иницијативата за дислокација на цементарницата Усје