Државниот завод за статистика објави дека вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во второто тримесечје од 2025 година достигна 3.6 милијарди денари, што претставува раст од 7.2% споредено со истиот период од минатата година.
Според податоците, откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители се зголемил за 26.4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 5%.
Анализата по групи на производи покажува дека најголем раст е забележан кај откупот и продажбата на производи од овоштарството и лозарството, со зголемување од 483.9%. Исто така, значаен раст од 32.6% е регистриран и во категоријата полјоделство.
Анализата по групи на производи покажува дека најголем раст е забележан кај откупот и продажбата на производи од овоштарство и лозарство со импресивно зголемување од 483.9%. Исто така, значаен раст од 32.6% е регистриран и во категоријата полјоделство.
Во дејностите сточарство, алкохолни пијалоци и риба е забележан пад. Најголем пад е регистриран кај рибата (80.7%), по што следат алкохолните пијалоци и сточарството.