Директорот на ТИРЗ во посета на „Адиент Аутомотив“ во Струмица: Разгледани плановите за нов раст на компанијата

Директорот на ТИРЗ во посета на „Адиент Аутомотив“ во Струмица: Разгледани плановите за нов раст на компанијата
Сподели:

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Гоце Димовски, оствари работна посета на фабриката „Адиент Аутомотив“ лоцирана во ТИРЗ Струмица. За време на посетата, Димовски се сретна со менаџментот на компанијата и реализираше обиколка на производствениот погон.

На средбата се разгледани тековните производствени активности, како и плановите за иден развој и можностите за проширување на капацитетите на компанијата.

Директорот Димовски истакна дека ДТИРЗ продолжува со праксата на директна и континуирана комуникација со сите компании кои оперираат во зоните. Целта е навремено согледување на нивните оперативни потреби и обезбедување соодветна институционална поддршка.

Тој потенцираше дека Дирекцијата активно работи на дополнително подобрување на условите за инвестирање и создавање подобро деловно опкружување за сите постоечки и нови инвеститори во зоните.

Представниците на менаџментот на „Адиент Аутомотив“ изразија задоволство од досегашната соработка со ДТИРЗ и ги претставија своите идни планови и очекувања за работењето во Струмица.