Над 100 вработени на „Алкалоид“ од Украина и Романија на работна средба во Македонија

Над 100 вработени на „Алкалоид“ од Украина и Романија на работна средба во Македонија

Повеќе од 100 вработени од претставништвата на „Алкалоид“ во Украина и Романија учествуваа на заедничкиот Cycle Meeting кој се одржа во Македонија. Настанот беше посветен на размена на знаења, споделување добри практики и дефинирање на плановите за натамошно проширување и зајакнување на позициите на фармацевтскиот гигант на овие пазари.

Пред присутните свое обраќање имаше Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, кој ги презентираше визијата, стратешките приоритети и главните насоки за иден развој.

Тимовите од Украина и Романија играат клучна улога во развојниот циклус на кластерот Источна Европа. Во рамките на работната посета, тимот од Украина имаше можност одблиску да ги разгледа производствените капацитети на компанијата и да се запознае со високите стандарди за квалитет кои се применуваат во сите процеси.

Од компанијата истакнуваат дека директната комуникација, градењето синергија и градењето цврсти врски меѓу тимовите од различни пазари претставуваат основен столб за остварување на зацртаните цели.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.