Се раѓаат сè помалку деца, регистриран пад и кај склучените бракови

Се раѓаат сè помалку деца, регистриран пад и кај склучените бракови

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во второто тримесечје од годинава во Македонија е забележан негативен природен прираст од -1.005 лица.

Во споредба со истиот период од 2025 година, кога природниот прираст изнесувал -919 лица, демографскиот дефицит дополнително се продлабочува.

Во периодот април-јуни се регистрирани 3.684 живородени деца, што претставува пад од 3% во споредба со второто тримесечје од минатата година (кога биле 3.796). Во исто време, забележани се и 20 мртвородени деца.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје изнесува 4.689 и е намалено за 0,6% во однос на истиот период лани. Од вкупниот број починати, 10 се умрени доенчиња (намалување во споредба со 18-те регистрирани во 2025 година).

Статистиката покажува намалување и кај бројот на нови бракови. Во второто тримесечје се склучени 2.732 бракови, што е за 2,2% помалку во споредба со истиот квартал лани кога биле регистрирани 2.793 бракови.

Значителен пад е забележан кај разведените бракови. Во ова тримесечје се регистрирани 406 разводи, што е значително помалку во споредба со 583-те разведени бракови во истото тримесечје минатата година.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.