Потпишан договор за нова поликлиника во општина Бутел

Потпишан договор за нова поликлиника во општина Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, потпишаа важен договор за изградба на нова, ултра модерна поликлиника во општината.

„Ви ветив и ќе остварам!“, изјави Костовски, истакнувајќи дека овој проект претставува историски момент за сите граѓани на Општина Бутел. Тој додаде дека со изградбата на новата поликлиника ќе се подобрат условите за здравствена заштита и ќе се обезбедат современи здравствени услуги за сите жители.

Поликлиниката ќе се изгради на локацијата на старата амбуланта, согласно со усвоениот урбанистички план. Со оваа нова здравствена институција, жителите на Бутел ќе имаат пристап до широк спектар на здравствени услуги, без потреба да патуваат големи растојанија за да ги задоволат своите потреби.

Градоначалникот се обрати до граѓаните, најавувајќи дека наскоро ќе започне изградбата и дека ќе ги извести сите за денот кога ќе биде поставен камен темелник на новата поликлиника.

Потпишан договор за нова поликлиника во општина Бутел