Премиерот Мицкоски уверува дека нема да има енергетска криза во Македонија

Премиерот Мицкоски уверува дека нема да има енергетска криза во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека граѓаните не треба да стравуваат од нова енергетска криза со недостиг на гас по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија. Како што потенцираше премиерот, Владата е подготвена и навремено ги антиципирала можните проблеми.

Одговарајќи на новинарско прашање дали постои опасност од енергетска криза и дали државата има план за справување, Мицкоски беше дециден: „Не, нема да има. Мислам дека сме подготвени и ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамките на Владата за да тоа не се случи.“

Премиерот исто така, потсети на претходни случувања како пример за справување со предизвиците, нагласувајќи дека и при ремонтните активности на гасоводот, потпишани од претходната Влада, земјата не останала без гас и топланите работеле.

„Сите овие работи ги антиципираме, но нормално е дека за работи коишто се тековно работење на Владата, не треба да ја оптеретуваме јавноста со такви ситници.“ - заклучи Мицкоски.

Следете ги најновите вести на Viber
Премиерот Мицкоски уверува дека нема да има енергетска криза во Македонија