Уапсен скопјанец за две разбојништва во филијали за брзи кредити

Уапсен скопјанец за две разбојништва во филијали за брзи кредити

Полициски службеници од СВР Скопје вчера, на 26.10.2025 година, го лишија од слобода Б.А. (25) од Скопје, под сомнение за извршување на две разбојништва во филијали на финансиски друштва (брзи кредити) во градот.

МВР соопшти дека 25-годишникот се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 година, со закана со пиштол, одзел парични средства од две подружници на финансиски друштва, кои се наоѓаат на подрачјата на ЕВР Центар и Бит Пазар.

Лицето било задржано во полициска станица, каде во службен разговор ги признало извршените дела.

Во координација со Јавен обвинител, против Б.А. е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Следете ги најновите вести на Viber
Уапсен скопјанец за две разбојништва во филијали за брзи кредити