Уставниот суд контра Мицкоски: Не е донесена одлука за укинување на линеарното зголемување на пензиите

Уставниот суд контра Мицкоски: Не е донесена одлука за укинување на линеарното зголемување на пензиите

Уставниот суд денеска излезе со соопштение контра премиерот Мицкоски, информирајќи ја јавноста дека не е донесена конечна одлука во врска со предметот У.бр.13/2025, со кој е оспорен членот 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кој го регулира линеарното зголемување на пензиите.

Судот појаснува дека на седницата одржана на 19.11.2025 година, со мнозинство гласови, е изразен сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. Сепак, ова претставува само прва фаза од постапката.

„Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука. Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање.“ - се вели во одговорот од Уставниот суд.

Во однос на прашањето дали ќе се преиспитуваат линеарните покачувања кои досега беа исплатени на пензионерите (зголемувањата по 2.500 денари исплатени во септември 2024 и март 2025 година), Судот информира дека нема да ги преиспитува овие одредби.

На седницата од 19 ноември, Судот ја отфрлил иницијативата за преиспитување на членовите 3 и 18 од Законот кои го регулираа ова прашање. Причината за отфрлањето е фактот што овие одредби биле од темпорален карактер и повеќе не се дел од правниот промет.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.