НЛБ Банка воведува Apple Pay за брзи и безбедни плаќања

НЛБ Банка воведува Apple Pay за брзи и безбедни плаќања

Денеска НЛБ Банка Скопје, на своите клиенти, им го носи Apple Pay, побезбеден, посигурен и самостоен начин за плаќање во продавници, преку апликации и онлајн. За да платат во продавница, клиентите едноставно кликнуваат двапати на страничното копче, се автентицираат, и го допираат својот iPhone или Apple Watch близу до терминалот за плаќање за да извршат бесконтактно плаќање. Секое купување со Apple Pay е безбедно бидејќи е автентицирано со Face ID, Touch ID или лозинка на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код. Apple Pay е прифатен во продавници за храна, аптеки, такси, ресторани, кафетерии и многу други места.

Клиентите можат да го користат Apple Pay на iPhone, iPad и Mac за да прават побрзи и поудобни купувања преку апликации или на интернет, без да мора да креираат сметки или постојано да внесуваат контакт информации, детали за картичка, информации за испорака и фактурирање. Apple Pay, меѓу другото, го олеснува плаќањето за достава на храна и намирници, онлајн купување, транспорт и паркирање. Apple Pay може да се користи и за плаќање во апликации на Apple Watch.

„Задоволство е да се биде првата банка на пазарот која на своите клиенти им го овозможува Apple Pay – иновативно, едноставно и безбедно решение за бесконтактно плаќање. Ова е уште еден значаен чекор во нашите заложби за дигитална трансформација, модерно банкарство, и безбедно и супериорно корисничко искуство. Во динамичниот свет во кој живееме, ние постојано вложуваме во решенија кои го поедноставуваат секојдневието на нашите клиенти, го следат нивниот животен стил и ги поставуваат стандардите на модерното банкарство.“ – истакнува Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.