Владата ги зголемува стратешките резерви на пченица и ориз

Владата ги зголемува стратешките резерви на пченица и ориз

Премиерот Мицкоски денеска објави дека Владата донела одлука за значително зголемување на државните резерви на пченица и ориз. Целта е да се зајакне националната безбедност на храна, особено имајќи ја предвид реколтата од 2024 година.

Одлучено е да се набават 9.000 тони пченица и 2.400 тони ориз и оризова арпа. Земјоделците ќе можат да конкурираат со количини од 5 до 30 тони за пченица, додека за ориз и оризова арпа квотата е од 3 до 20 тони по производител.

Како дел од оваа стратегија, за првпат е донесена законска измена со која оризот е прогласен за стратешка култура. Овој потег се очекува значително да ги олесни предизвиците со кои се соочуваат оризопроизводителите и да придонесе за поголема стабилност во овој сектор.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.