Јанчев: Се лепат плочките на новиот затворен базен во Кавадарци, проектот влегува во завршна фаза

Јанчев: Се лепат плочките на новиот затворен базен во Кавадарци, проектот влегува во завршна фаза
Сподели:

Градежните активности за изградба на новиот затворен базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“ во Кавадарци влегуваат во завршна фаза. За напредокот на проектот на социјалните мрежи информираше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Во моментот на терен се врши лепење на плочките во самиот базен, а паралелно се монтира и опремата во машинската просторија. Истовремено, интензивно се работи и на партерното и хортикултурното уредување на просторот кој го опкружува објектот.

Новиот затворен базен е со димензии од 25 на 9 метри и длабочина од 1,20 метри. Според планот на општината, објектот првенствено ќе биде наменет за учениците од основните и средните општински училишта за спроведување на часови по пливање и спортски активности, но во дефинирани термини рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани на Кавадарци.