Николоски: Светска банка потврди, Македонија со раст од 40% на авиопатници, најдобра во Европа и Централна Азија

Николоски: Светска банка потврди, Македонија со раст од 40% на авиопатници, најдобра во Европа и Централна Азија
Сподели:

Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, а овој успех е препознаен и нотиран во најновата анализа на Светска банка, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Со остварен раст од 40 проценти на годишно ниво кај патниците во пристигнување, Македонија е издвоена како најдобар пример и држава со најголем раст во регионот на Европа и Централна Азија.

Според Николоски, овој резултат е директна последица на мерката за субвенционирање на нови авиолинии, со што земјата се позиционира на врвот во привлекување странски туристи и поттикнување на економијата преку туристичкиот сектор.

Успехот на терен го потврдуваат и резултатите од Охридскиот аеродром, каде што во само еден ден се опслужени рекордно над 3.000 патници, што претставува огромен успех за аеродром од таков тип. Овој признат успех, како што истакна Николоски, служи како мотив за уште поголема работа и посветеност во следниот период.