Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа.

„Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата, започнувајќи од платата за месец август.“ - изјави Мицкоски.

„Во периодот којшто следи Министерството за социјална политика, демографија и млади прави би рекол историски чекор во таа насока, но не е само зголемувањето на платите коешто треба да биде 20тина проценти, туку станува збор и за услови коишто ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава.“ - додаде премиерот.

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници