Министерството за финансии на САД воведе санкции на организирана мрежа на луѓе и компании поврзани со Северна Кореја. Како што е наведено во соопштението, мрежата користела ИТ работници за да спроведува измами и да генерира приходи за програмите за оружје на Северна Кореја.
Санкциите се насочени кон руски државјанин и севернокорејски функционер, како и две компании – кинеската Shenyang Geumpungri Network Technology и севернокорејската Korea Sinjin Trading Corporation.
Овие ентитети биле дел од измамничка шема која ги таргетирала американските бизниси. ИТ работници од Северна Кореја користеле лажни идентитети за да се инфилтрираат во компании во САД и во сојузничките земји, при што краделе податоци и барале откуп.
Како резултат на санкциите, целиот имот на именуваните лица и компании во САД е блокиран. Забранети се сите трансакции на американски државјани кои имаат имот или интереси поврзан со блокираните лица.
Според официјалното соопштение, Северна Кореја користела ИТ работници за да генерира стотици милиони долари, кои потоа биле пренасочувани за финансирање на својата програма за нуклеарно оружје и балистички проектили.