Борче Серафимовски го посети Чешиново-Облешево пред почетокот на жетвата на кочанскиот ориз

Борче Серафимовски го посети Чешиново-Облешево пред почетокот на жетвата на кочанскиот ориз
Сподели:

Во пресрет на почетокот на новата жетва на кочанскиот ориз, Борче Серафимовски, заедно со градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов, оствари теренска посета на дел од преработувачките капацитети и одржа директна средба со локалните оризопроизводители.

На средбата се дискутираше за сите клучни предизвици со кои се соочуваат производителите пред почетокот на земјоделските активности.

Главни теми на разговорот беа моменталните залихи на оризова арпа и бел ориз, висината на трошоците за производство, очекувањата од новата реколта, како и формирањето на реална и фер откупна цена на оризовата арпа.

Серафимовски подвлече дека оризопроизводството е од стратешко значење за целиот Кочански регион. Тоа претставува вековна традиција, основна егзистенција за голем број семејства и главен мотор на локалната економија.

За време на средбата беше истакнато дека приоритет останува создавањето услови за одржливо и профитабилно производство, обезбедувањето сигурен пласман и соодветното вреднување на трудот на земјоделците.