„Канди Инвест“ го зголеми акционерскиот удел во ЗК Пелагонија

„Канди Инвест“ го зголеми акционерскиот удел во ЗК Пелагонија

ЗК Пелагонија АД Битола, преку официјално известување до Македонската берза за хартии од вредност, информираше за промена во сопственичката структура кај акционер со над 5% учество.

Според објавените податоци согласно Правилата за котација, Друштвото за производство, трговија и услуги Канди Инвест ДООЕЛ Скопје стекна нови 25 акции во битолскиот аграрен комбинат.

Пред оваа аквизиција, Канди Инвест поседуваше 14.233 акции, што претставуваше 7,02% од вкупниот број акции на друштвото.

Со купувањето на дополнителниот пакет, КАНДИ ИНВЕСТ Скопје сега поседува вкупно 14.258 акции, со што неговиот сопственички удел во ЗК Пелагонија се зголеми на 7,03%.