Општина Центар ја отстрани металната конструкција кај слаткарницата „Малага“

Општина Центар ја отстрани металната конструкција кај слаткарницата „Малага“

Пешачката зона на улицата „Даме Груев“, кај познатата слаткарница „Малага“, повторно е целосно слободна за непречено движење на пешаците по успешно отстранетата метална конструкција.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека општинските инспекциски служби се постојано на терен и го следат состојбите со узурпацијата на јавните површини.

Од Општината порачуваат дека сите бесправно поставени објекти на нејзината територија ќе бидат отстранети, а прекршителите ќе се соочат со соодветни законски санкции.

Главниот фокус на овие акции е враќање на јавниот простор во првобитната намена, со цел тој да биде уреден, безбеден и достапен за сите жители и минувачи.