Отворен е повикот за запишување деца во новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково

Отворен е повикот за запишување деца во новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково

Новата детска градинка „Лавче“ во населеното место Инџиково наскоро ги отвора вратите за првите дечиња. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, извести дека сите подготвителни активности за ставање во функција на објектот се при крај и со тоа официјално започнува аплицирањето за упис.

Новиот објект ќе обезбеди современ и безбеден простор за престој, игра, учење и социјализација на најмладите жители од оваа населба.

Родителите кои имаат потреба од згрижување на своите деца во новата градинка потребно е пријавата да ја пополнат лично во просториите на централниот објект на детската градинка „25 Мај“.

Централниот објект се наоѓа на улицата „Среќко Пужалка“ број 112 во Ченто, спроти основното општинско училиште „Крсте Мисирков“. Од Општината упатуваат апел до сите заинтересирани жители на Инџиково навремено да аплицираат и да го остварат правото на згрижување на своите деца.