Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот Картинг центар во Кавадарци

Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот Картинг центар во Кавадарци

Во Кавадарци интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на новиот Картинг центар, проект кој се реализира со финансиски средства обезбедени преку вториот повик од Владата. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека работите на терен напредуваат според предвидената динамика и веќе се гледаат новите контури на овој спортско-рекреативен комплекс.

Проектот опфаќа изградба на современа картинг патека и соодветни придружни објекти на површина од 2.700 квадратни метри. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 35.247.407 денари.

Новиот Картинг центар е замислен како место кое ќе понуди квалитетна содржина за младите, забава за сите љубители на автомобилизмот и можности за развој на спортската рекреација во регионот.

Со завршувањето на градежните фази, Општина Кавадарци добива уште еден атрактивен капацитет кој дополнително ќе ја збогати локалната туристичка понуда и ќе овозможи нови можности за спорт и дружење.