ДЗС: 65,5% од енергијата е увезена, лигнитот и хидроенергијата со двоцифрен пад во 2024 година

ДЗС: 65,5% од енергијата е увезена, лигнитот и хидроенергијата со двоцифрен пад во 2024 година

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави податоци за енергетскиот биланс во 2024 година, кои укажуваат на висока енергетска зависност од увоз и значителен пад на домашното примарно производство.

Според ДЗС, 65,5% од вкупната потребна енергија во Македонија е обезбедена од увоз.

Вкупната потребна енергија за 2024 година изнесува 2.541.849 тони нафтени еквиваленти (toe), при што најголемо учество во оваа потрошувачка имаат нафтените продукти со 44,7%, а потоа цврстите горива со 24,9%.

Во исто време, бруто-примарното производство има значителен пад од 10,6% во споредба со претходната 2023 година, достигнувајќи 842.142 toe. Најголемо намалување е евидентирано кај клучните енергетски извори – лигнитот со пад од 20,9% и хидроенергијата со намалување од 15,8%. Значителен пораст во овој сегмент е соларната електрична енергија, каде е забележано значајно зголемување од 140%.

Кога станува збор за финалната потрошувачка, во 2024 година изнесувала 1.859.697 toe. Во структурата на потрошувачката, сообраќајот доминира со учество од 47,6%, што значи дека речиси половина од целата финална енергија се троши за транспорт. По него следат домаќинствата со 26,1%, индустријата со 16,9% и останатите сектори со 8,4%.

Од аспект на обновливите извори, нивното учество во бруто-производството на електрична енергија е 39,4%, додека во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35,4%. Потрошувачката на електрична енергија по глава на жител на годишно ниво во домаќинствата изнесува 1.727 KWh.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.