Турција купува од Велика Британија дваесет „Eurofighter Typhoon“ авиони во вредност од 8 милијарди фунти

Турција купува од Велика Британија дваесет „Eurofighter Typhoon“ авиони во вредност од 8 милијарди фунти

Турција потпишаа договор со Велика Британија вреден 8 милијарди фунти за набавка на 20 борбени авиони „Eurofighter Typhoon“.

Овој договор е потпишан во Анкара за време на првата посета на британскиот премиер Кир Стармер на Турција, кадешто се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Оваа зделка ќе поддржи 20.000 работни места низ цела Велика Британија во следните години, а ќе влее милијарди фунти во британската економија и ќе ги одржи производствените линии.

Според Стармер, овој значаен договор со Турција е победа за британските работници, победа за британската одбранбена индустрија и победа за безбедноста на НАТО.

Производството на секој авион е поделен со партнерите на европскиот конзорциум, при што повеќе од една третина (37%) од секој авион се произведува во Велика Британија.

Следете ги најновите вести на Viber
Турција купува од Велика Британија дваесет „Eurofighter Typhoon“ авиони во вредност од 8 милијарди фунти