Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) соопшти дека од 1 декември настапува зголемување на цената на топлинската енергија за домаќинствата.
За потрошувачите кои се снабдуваат преку најголемиот систем, односно ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство, зголемувањето е во просек за 5,9%.
За корисниците на ЕСМ Енергетика корекцијата во просек изнесува 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк просечното зголемување е 7,7%.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, појасни дека просечната месечна сметка за парно греење ќе се зголеми за околу 130 денари, од сегашните 2.200 на 2.330 денари.
Бислимоски нагласи дека во периодот што претстои мора да се отпочне со долгорочно стратешко планирање и сериозна санација и модернизација на топловодната мрежа, со цел да се намалат дефектите, да се подобри квалитетот на снабдување и да се овозможи ширење на мрежата, што би влијаело врз зголемување на конзумот.
Тој повтори дека и покрај корекцијата на цената, затоплувањето на парно останува најекономично, а анализите покажуваат дека доколку сите исклучени потрошувачи повторно се приклучат на системот, сметките ќе се намалат за околу 10%.
Во моментов, со топлинска енергија се снабдуваат вкупно 65.000 потрошувачи.