Реплек отвори информативен центар за производите од медицински канабис

Реплек отвори информативен центар за производите од медицински канабис

Македонската фармацевтска компанија „Реплек“ го отвори КА Информативниот центар, специјализиран за едукација и информирање на јавноста за нивните производи на база на медицински канабис.

Центарот функционира како подружница на компанијата и е наменет да ги приближи информациите за производите базирани на CBD до граѓаните.

„Реплек“ е присутен на пазарот со производи на база на медицински канабис (CBD) уште од 2016 година. Моменталното портфолио вклучува три масла на база на CBD кои на пазарот се достапни под брендот Каноил (Kanoil) – Каноил 10%, Каноил 20% и Каноил 30%, како и вагитории под истиот бренд.

Дополнително, портфолиото вклучува и пет различни кремови за лице на база на CBD под брендот Канабо (Canabo).

За сите овие производи, потрошувачите отсега можат да се информираат во новиот КА Информативен центар, кој се наоѓа во Скопје на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 36/1-4 (спроти трговскиот центар „Рамстор“) и е отворен секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.

Следете ги најновите вести на Viber
Реплек отвори информативен центар за производите од медицински канабис