По повеќе од една деценија, подната фонтана на плоштадот „Македонија“ повторно се става во функција

По повеќе од една деценија, подната фонтана на плоштадот „Македонија“ повторно се става во функција
Сподели:

Подната фонтана, која повеќе од една деценија беше надвор од употреба, запуштена и оштетена, наскоро повторно ќе профункционира на централниот градски плоштад, објави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Овој простор веќе нема да биде зона каде што неконтролирано минуваат автомобили и тешки товарни возила, туку ќе се трансформира во уредено место наменето за прошетки, фотографирање и развој на туризмот.

Во моментов на терен интензивно се изведуваат градежните и техничките активности за санација на оштетувањата, а според најавите, подната фонтана целосно ќе заживее за само неколку дена.

Оваа обнова следува по серијата акции во кои неодамна во функција беа вратени и неколку други препознатливи обележја во центарот на Скопје, меѓу кои фонтаните „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, „Воин на коњ“, „Филип II Македонски“, „Олимпија“, „Паднати борци“, фонтаната на плоштадот „ВМРО“, а повторно беше запален и Вечниот оган.