Премиерот Мицкоски најави изградба на експресен пат Романовце-Страцин

Премиерот Мицкоски најави изградба на експресен пат Романовце-Страцин

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека наскоро ќе започне јавната набавка за изградба на експресниот пат Романовце-Страцин, кој е дел од патниот Коридор 8. Оваа делница е продолжение на веќе изградениот експресен пат од Страцин до Крива Паланка, со што значително ќе го забрза патувањето кон Бугарија и ќе ја подобри поврзаноста со североисточниот дел на Македонија.

Во изјава за медиумите, премиерот Мицкоски истакна дека експропријацијата на земјиштето за овој патен правец е веќе целосно завршена, а во тек е и ревизија на проектот.

Премиерот очекува и тука да почне јавната набавка и тој проект да почне со реализација, за да може од Скопје до Крива Паланка да се стига за помалку од 45 минути.

Следете ги најновите вести на Viber
Премиерот Мицкоски најави изградба на експресен пат Романовце-Страцин