Трамп најави воведување на 100% царина за сите филмови направени надвор од САД

Трамп најави воведување на 100% царина за сите филмови направени надвор од САД

Во објава на социјалната мрежа TruthSocial, претседателот на САД, Доналд Трамп изрази силно незадоволство од "крадењето" на американската филмска индустрија од страна на други земји. Според Трамп, САД ја губат контролата врз својата филмска индустрија, што тој го спореди со "крадење бонбони од деца".

„Калифорнија, со својот слаб и неспособен гувернер, беше особено тешко погодена.“ - напиша Трамп во објавата.

Трамп изјави дека за решавање на овој долгогодишен и никогаш завршен проблем, ќе воведе 100% царина на сите филмови што се направени надвор од САД.

Следете ги најновите вести на Viber
Трамп најави воведување на 100% царина за сите филмови направени надвор од САД