Виз Ер започна со директни летови од Скопје до Штутгарт

Виз Ер започна со директни летови од Скопје до Штутгарт

Со утринскиот лет што полета денеска во 6:25 часот од Меѓународниот Аеродром Скопје, авиокомпанијата Виз Ер официјално ја започна новата редовна авиолинија кон Штутгарт, Германија. Со ова, главниот град на Македонија добива уште една важна воздушна врска со еден од најразвиените германски градови, а ТАВ Македонија ја нагласи својата посветеност кон проширување на мрежата на дестинации.

„Во соработка со Виз Ер и Владата, како ТАВ Аеродроми сме горди што ќе можеме да ги опслужуваме патниците на оваа нова редовна авионска линија. Оваа дестинација е од голема важност за дијаспората, бизнис секторот и сите граѓани кои имаат интерес во регионот на Штутгарт“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Авиокомпанијата ќе лета од Скопјe до Штутгарт 3 пати неделно, секој понеделник, среда и петок. Во текот на летниот распоред на летови на аеродромот во Скопјe, односно до 24 октомври, времето на полетување од Меѓународниот Аеродром Скопјe во понеделник и петок е 06:25 часот, додека времето на пристигнување во Штутгарт е 11:10 часот по локално време. Во среда, патниците ќе полетуваат во 06:30 часот, а ќе слетуваат во 11:10 часот по локално време. Во зимската сезона, патувањата ќе се одвиваат во понеделник, среда и петок, но сите летови со исти времиња на полетување и следување, односно 06:30 часот со 11:30 часот по локално време.

Со додавањето на Штутгарт на мапата на рути на Меѓународниот Аеродром Скопјe, Виз Ер има вкупно 9 рути до 9 градови во Германија: Штутгарт, Берлин, Дортмунд, Баден-Баден, Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг.

Виз Ер започна со директни летови од Скопје до Штутгарт